Don't Miss
Home / Вести / Ќе се санира чешмата кај Офицерскиот дом

Ќе се санира чешмата кај Офицерскиот дом

Наскоро целосно ќе се санира и реновира чешмата кај Офицерскиот дом во Битола.

Реновирањето ќе се изврши со средства на Ротари клубот Битола.

Денеска  тоа го дооворија Општина Битола и „Ротари клуб Битола“ кои потпишаа договор за донација и комплетна санација на чешмата во комплексот „Офицерски дом“ Битола.

На санацијата и претходи изработка на основен проект, по кој е издадено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство,  согласно одлуката донесена од страна на Советот на Општина Битола.

Договорот беше потпишан од страна на градоначалничката Наташа Петровска во име на Општина Битола и од Никола Главинче, претседател на „Ротари клуб Битола“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*