Битолчани се во шок. Телефонот во нашата редакција денеска постојано ѕвонеше. Љугето се револтирани и бараат одговорност.
-Со години го сонував тој момент и живеев за тој настан. Но за жал поради пандемијата морав да ја одложам свадбата за наредната година. А во Хераклеја синока се органзираше концерт на хравсткиот пеач Петар Грашо на која присуствуваа илјадници гледачи.
Ова е срамно. Едно ни се зборува нам, а сосема друго се прави.
За кој важат протколите не знам. Изгледа само за нас, кои не можеме ни свадби да правиме, ни вели револтирана читателка.
Концертот на хравсткиот пеач Петар Грашо во Хераклеја навистина ја огорчи битолската јавност.
-Со месеци не ги имам видено моите внучиња, а сега гледам се прават концерт. Господ нека ни е на помош, ни вели друга читателка.
Присутните на концертот тврдат дека таму имаше илајдници присутни кои не ги почитуваа протоколите, не држеа дистанца и пееја со симнати маски. А тоа лесно може да се види од фотографиите и снимките кои излегоа на социјалните мрежи, а кои ни ги доставија до редакцијата.
Тоа што загрижува е што не се знае кој е организаторот на концертот,а што не реагираа ни надлежните државни инспекции, кои уверуваа дека доколку концертите се одржуваат надвор од протоколите протв организаторот ќе биде поднесена кривична пријава.
Критики се упатени и на раководството на Хераклеја која дозволи да се продадат толку влезници.
Со организацијата на концертот на Петар Грашо, кој не може(ше) да организира концерти во Хрватска се потврдија претпоставките дека на Концертот ќе бидат присутни повеке публика од тоа што според протоколите требаше да има.
Како и да е. Откако на српските и хрватските пеачи и групи има беа забранети настапите во Хрватска и Србија тие своите концерти ги преселија во Охрид и Битола, каде настапуваат за високи цени на влезниците од по 600 денари и за жал ја имаат финансиската поддршка на надлежните државни и општински институции.
Сега се поставува прашање кој ќе сноси одговорност за пропустите кои се направија на концертот на Петар Грашо.
Кој ќе одговара доколку во наредните денови се појави кластер Хераклеја.
Во ситуација кога се одлагаат венчавки, свадби, крштевки и културни манифестации навистина несериозно е да се организираат и поддржуваат концерти на ислужени пеачи од поранешните простори на Југославија и кои се плаќаат со народни пари.
Овој пат никој не смее да избега од одговорноста и мора да се најде одговорниот за концертот на Грашо кој треба да сноси кривична одговорност.
Инаку деновиве од Кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска до редакцијата стигна соопштение дека иако состојбата со корона вирусот го промени целосно начинот на културното живеење, а со тоа и одржувањето на настаните, сепак во Битола се случија неколку настани и концерти на кои публиката вистински уживаше, а беа подржани од Општина Битола.
И во овие околности, заложбата на градоначалничкаа Наташа Петровска е да се има квалитетни настани, кои, при нивното одржување, не го загрозуваат здравјето на луѓето.
Публиката пак, адаптирајќи се на новото време со нови правила, со потреба од квалитетни културни настани, покажа дека и во вакви услови на глобална светска пандемија, културните настани можат да се посетуваат и да се ужива во квалитетот на понуденото.
Општина Битола го помогна одржувањето на фестивалот „Локум фест-музика и традиција 2020“. Наместо во Старата битолска чаршија, фестивалот годинава, со соодветни протоколи, донесе концерти на три македонски групи, Чалгија саунд систем, Балкава и Љубојна. Општина Битола го помогна и одржувањето на 50-тото јубилејно издание на фестивалот „Илинденски денови“, во чии рамки, по сите здравствени и безбедносни протоколи и со сите заштитни мерки, се одржаа изложби, саем на книга, етно филмови на отворено, стручно научен собир, онлајн семинар и детска работилница. Фестивалот понуди и 4 концертни вокално-инструментални вечери на отворено во Пациото на Завод и Музеј Битола.
За среќа Битола го има античкиот локалитет Хераклеа и големиот амфитеатар, кој во новонастанатите услови е простор каде што на одредена дистанца, љубителите на музиката имаат можност да проследат неколку прекрасни концерти, за сечиј вкус. Сепак, поради околностите со КОВИД пандемијата, бројот на присутни беше оневозможен во број каков што го посакуваме сите.
Општината, со финансика поддршка, застана зад одржаните концерти на Камерниот оркестар на Битола, Амира Медуњанин и Дарко Рундек, каде публиката присуствуваше во максимално дозволен број според пропишаните правила и протоколи. Понудената квалитетна концертна понуда, не остави никого рамнодушен, а таква атмосфера се очекува и за закажаните концерти на Петар Грашо и најпрепознатливиот вокал на култната група „Бјело Дугме“, Жељко Бебек, се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, испратено до нашата редакција од каде додаваат дека
до крајот на сезоната следуваат уште културни изненадувања, кои ќе ни помогнат да го пребродиме сивилото на пандемската криза со КОВИД-19.
М.Младеновски