Don't Miss
Home / Вести / Душко Илиевски-Млекарот екстрадиран од Германија

Душко Илиевски-Млекарот екстрадиран од Германија

Душко Илиевски – Млекарот по барање на македонските правосудни органи е спроведен од Германија за издржување на две затворски казни од година ипол и една година, за учество во толпа и напад на службени лица во време на Шарената револуција.

Тој беше баран со меѓународна потерница, откако со семејството се пресели да живее во Германија, каде доби политички азил.

Душко Илиевски – Млекаро додека се наоѓаше во Германија на својата фејсбук странца остро ги критикуваше некои политчари од актуелната власт.

Тој беше голем поддржувач на актуелната власт, но подоцна стана нејзин најголем критичар.

За време на владеењето на Груевски, Душко Млекарот беше обвинет дека на недозволен начин во неговата бавча одгледувал марихуана, за да подоцна биде ослободен од обвинението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*