Don't Miss
Home / Вести / Објавена конечната листа за инвертер климите

Објавена конечната листа за инвертер климите

Општина Битола, со овој повик, комплетно ја потврди својата транспарентност, ставајќи посебен акцент на можностите на новото време преку воведување на електронското аплицирање на јавен повик со еднаков пристап за секој граѓанин и рамноправен третман на секој апликант.

На конечната листа во прилог се наоѓаат носители на 2500 домаќинства кои добија можност печките на тврди и фосилни горива да ги заменат со инвертер клима уреди, за затоплување на станбениот простор во кој живеат. Општина Битола, побара од Владата на РСМ доискористување на средствата со што ќе се создаде можност за зголемување на бројот на добитници од апликантите кои ги исполнуваат условите. (Правилник за субвенционирање член 5).

После објавената прелиминарна листа, Општина Битола ги разгледа сите забелешки на секој граѓанин, поради што изминаа речиси две недели до објавата на конечната листа, со цел секој поединец да добие можност по неговата забелешка, комисијата соодветно да постапи.

Притоа, разгледани се сите барања на граѓаните, но во ниту еден случај не е дозволено и не е прифатено дополнување на електронски поднесената документација.

Голема благодарност до граѓаните кои иако имале успешна апликација и биле на прелиминарната листа, сепак, покажале отвореност и од лични причини ги повлекле своите апликации.

Веруваме и дека, граѓаните кои се жители на други општини, а аплицирале со изјава заверена на нотар дека ќе извршат промена на својата адреса, веќе имаат јасна слика дека согласно правилникот (член 2) и јавниот повик (дел 2, член 2.1) , во моментот на аплицирање требало да бидат жители на општина Битола, а промената на адресата се однесува само за живеалиште на подрачјето на општината.

Исто така, веруваме дека сите граѓани кои направиле некаква грешка при аплицирањето, ќе разберат дека внимателноста и информираноста се многу позначајни од брзината при ваквите повици и во иднина нема да се случуваат пропусти, со цел да се биде побрз за да се стигне до целта. На овој повик има добитници кои аплицирале со комплетни документи и последните денови од наведениот рок за аплицирање.

За жал, она што особено загрижува, е фактот што под материјална, морална и кривична одговорност, некои граѓани на нашата општина, аплицирале за инвертер клима уред, притоа не водејќи сметка за сериозноста на изјавата. Kaj oние изјави каде е утврдена неправилност веќе e реагирано.

Потврдуваме дека, општина Битола, правото по овој основ, како можност за реагирање го има во период од три години. (Член 8 од Правилникот и дел 1 член 1.5 од јавниот повик).

Согласно претходно наведеното, секој граѓанин кој се наоѓа на оваа конечна листа на апликанти кои ги исполнуваат условите пропишани во јавниот повик и правилникот за субвенционирање, треба да пристапи кон физичка достава на потребната документација, според изготвениот распоред.

Напомена:
Физичката достава на документацијата ќе се врши на соодветно обезбедените шалтери, согласно протоколите за заштита од КОВИД 19, лоцирани во зградата на општинскиот инспекторат и зградата каде што е сместена салата на Советот на Општина Битола. Лицата од оваа листа кои поради одредени причини (изолација или инфицираност со коронавирус) се спречени доставата на документацијата да ја извршат во наведениот термин, потребно е телефонски да контактираат со одговорните лица на долунаведените контакт телефони, со цел закажување на друг термин.

Шалтер број 1 контакт телефон 075/276-982

Шалтер број 2 контакт телефон 075/247-615

Шалтер број 3 контакт телефон 076/365-531

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*