Don't Miss

Гамбиецот Дарбо постигна хет-трик под “Тумбе Кафе“ и сам го победи Пелистер.

Гамбиецот Дембо Дарбо со хет-трикот е најзаслужен за победата на Шкупи на гостувањето во Битола.

Дембо со 15 голови на 15 меча е клучниот играч за високиот пласман на табелата 2. место со само два бода зад Шкендија која е прва. По почетниот гол на Борче Маневски за Пелистер и кусата радост на битолчани, гостите брзо изедначија преку мајсторот Дарбо кој постигна уште два гола, а и имаше и уште најмалку две шанси за гол кој му ги одбрани голманот Талески.

И по смената на Штерјовски Пелистер се зацементира во долниот дел на табелата и го очекува гола борба за опстанок ако продолжи со лошата игра како на домашен така и на гостински терен. Дури среда ги очекува нов натпревар битолчани кога му гостуваат на Македонија Ѓорче Петров во Скопје. 

Пелистер – Шкупи 1:3 (1:2)

Стадион “Тумбе кафе“ во Битола

Без гледачи

Главен судија: Димитар Мечкаровски Помошници: Дејан Неделковски Даниел Василевски (сите од Скопје)

Стрелци: Маневски 10‘ (П) Дарбо 21‘, 28‘, 55‘ (Ш)

жолт картони: Илиески, Илиевски (П) Исени, Диак (Ш)

Играч на натпревар: Дембо Дарбо (Шкупи)

Пелистер: Талески, Илиевски, СПиркоски, Маневски (Бошковски 72‘), Борха (Исмаили 86‘), Кочоски, Фазлију (Талески 72‘), Пејаковиќ, Драгарски, Илиески, Нето (Хот 59‘)Шкупи: Иљази, Глишиќ (Исмаили 78‘), Диак, Исени (Илјази 86‘), Адеми (Гоудиаби 68‘), Алварез, Кривањева, Дарбо (Бериша 86‘), Глигоров, Алии (Биљали 47‘), Лима. 

Текст и фото:Димитар Петковски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*