Со цел да ја зачува традицијата Битолски весник, на истекот на оваа 2021 година, под Покровителство на Компанијата “ Кромберг и Шуберт“ официјално ќе ги прогласи најуспешните битолчани за минатата, 2020 година.
Официјалното прогласување на најуспешните битолчани, кои конкурираа за признанијата до февруари оваа година ќе биде во ресторанот Вавилон.
Манифестацијата ќе се одржи по сите здравствени протоколи кои се пропишани од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Тоа значи дека на Манифестацијата, која ќе биде збогатена со гламурозна свечена вечера и културно уметничка програма, ќе учествуваат најмногу до 400 гости.
Инаку да потсетиме за годинашната манифестација “ Избираме најуспешни битолчани 2020 “ конкурираа над 80 битолчани, кои со своите успеси и резултати ја одбележаа минатата 2020 година.