Со почитување на сите здравствени протоколи, во прекрасен амбиент, пред околу 400 присутни, синоќа во ресторанот Вавилон во Битола беа врачени наградите за најуспешнте битолчани за 2020 година.
На свеченоста, на која беа доделени 35 признанија во повеќе категории, сите аплаузи ги собраа здравствените работници кои веќе две години храбро се борат против пандемијата.
Од областа на здравството признанија добија Инфективното одделение, Центарот за јавно здравје, итната медицинска помош, Општинската организација на Црвениот крст.
Признанието од областа на стопанството го доби германската компанија “ Кромберг и Шуберт“.
Во областа на културата наградата ја доби Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура.
Признаниетоод областа на новинарството го доби директорката на Медија прес Васка М Млденовска.
Валентин Соклевски, авторот на стотици песни, ја доби наградата која го носи името на покојниот автор на песната “ Битола мој роден крај ““ Ајри Демировски“


Во областа на политиката признанието и беше доделено на советнчката од независната листа “ Поинаку “, Габриела Илиевска.
Новинарот во пензија и фоторепортер Петар Ставрев ја доби наградата за трајни вредности, додека наградата за животно дело му беше доделена на ликовниот уметник, Панде Петровски.
На Манифестацијата му беше доделено посебно признание на Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Грпацијата, за неговите заслуги за иновативен развој и интернационална афирмација.