Don't Miss
Home / Вести / Горан Милевски се збогува од министерската фотелја, го чека амбасадорска столица во Словенија

Горан Милевски се збогува од министерската фотелја, го чека амбасадорска столица во Словенија

                       

            Горан Милевски не е повеќе министер за локална самоуправа.

            Денес тој официјално се збогува со вработените во Министерството.

-Денес го поминав последниот работен ден во Министерството за локална самоуправа.Благодарност до сите вработени, до мојот тим и кабинет што несебично се вложија во реализација на сите процеси и проекти кои ги започнавме и имплементиравме заедно во изминатите три години.Докажавме дека може да се работи чесно посветено и одговорно во служба на граѓанитеОставам добри пријатели во ова Министерство. На сите ним им посакувам здравје и успех во иднина.

Дел од проектите и заложбите кои ги започнавме остануваат да се реализираат во периодот што следи од новиот министер, изјави Милевски во својата изјава.

            Инаку по напуштањето на министерската фотелја Милевски привремено ќе се вработи во едно јавно претпријатие, а неговата нова служба според извори на Битолски весник ќе биде амбасадор во Словенија за која Владата веќе ја почнала постапката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*