Don't Miss
Home / Вести / Вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ во Клиничката болница

Вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ во Клиничката болница

           

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска  врши вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница Битола во врска со случајот со починатото новороденче.

-Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче. Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство, информираат од Министерство за здравство за денешниот инспекциски надзор во  болницата во Битола.

Инаку директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*