Битолски весник – столб во градењето на нашата локална и национална свестДржавниот архив е значајна државна институција, трезор на оргинални документи, писма, фотографии и друг вид материјали од најзначајните политичко – историски процеси, настани и личности за нашата дрзава. Се разбира дека од посебно значење за нашата историја е да се зачува и материјалот кој произлегува од нашите дневни или неделни весници. Ваквиот вид на архивски материјал е од непроценливо значење бидејки печатот не е само средство за информирање туку ни овозможува да имаме и критички осврт кон сегашноста, но и кон минатото.
Помеѓу бројните наслови кои се чуваат во нашата збирка весници можеби најдраг ни е весникот кој го носи името на нашиот град, весник кој во континуитет од 1964 година на неделна основа е помеѓу битолчани и би рекол дека е еден од столбовите во градењето на нашата локална и национална свест и токму како таков го промовираме во научно-истражувачката јавност. Содржините кои што изминативе 59 години се застапени низ страниците на Битолски весник се сериозна основа за истражување во различни области од општественото живеенје и даваат огромен придонес кон зачувување на нашата колективна меморија.
Би ја истакнал и архивската свест на раководната структура на овај наш локален неделник која што секоја година укоричува по еден примерок и истиот го доставува во Битолскиот Архив што е доволен показател за нашата заедничка посветеност кон чувањето на историјата на нашиот град, држава и народ.
Сепак современите методи на архивистиката ја наметнуваат и потребата на дигитализација на ваквиот архивски материјал со што ќе се овозможи поголема достапност на истиот и токму тоа нека биде наш заеднички предизвик и одлична основа за продлабочување на соработката.
Нека Ви е честит големиот јубилеј Битолски весник и уште многу години да бидите меѓу битолчани.
Гоце Стојановски, раководител на Државниот архив во Битола