Don't Miss
Home / Вести / Фирмата која ја откажа изградбата на градинката во АРМ го изведува партерното уредување на Офицерски дом

Фирмата која ја откажа изградбата на градинката во АРМ го изведува партерното уредување на Офицерски дом

             

            Општината Битола  по се изгледа му прости на фирмата БВ инженеринг.

            Имено БВ инженеринг, која  откако си наплати добар дел од средствата на Општината  Битола во мандатот на екс градоначалничката Наташа Петровска ја напушти  изградбата на детската градинка во АРМ, која требаше Општината да ја гради заедно со “ Кромберг и Шуберт “ деновиве го доби тенедерот за партерно уредување  од првата фаза на  Офицерскиот дом за кое ке наплати над 370.000 евра, или точно 23.002.486 денари.

            На прашањето на Битолски весник како е можно фирмата  БВ инженеринг, која  ја напушти изградбата на градинката во АРМ  да го добие тендерот ни изјавија дека  оваа фирма понудила најниска цена.

            Инаку таа победила во конкуренција на три  градежни фирми, од кои едната била Ицо Пас а другата Стентон градба, со која е во добри деловни односи.

            Во одговорот на нашето прашање зошто на БВ инженеринг која ја напушти изградбата на градинката и и беше активирана банкарската гаранција не и било дадено негативна референца од страна на Општината од локланата самоуправа ни одговорија дека во тендерот за изградба на градинката не бил предвиден таков услов.

               Инаку да потсетиме Детската градинка во АРМ,   треба(ше) да ја (из)гради  фирмата БВ инженеринг,  со финансиска поддршка на германската компанија “ Кромберг и Шуберт “ 

        Според информации на Битолски весник фирмата подизведувач, која била ангажирана од БВ инженеринг за изградба на градинката заминала во стечај.

         Самото заминување во стечај на фирмата подизведувач е уште една потврда дека со изградбата на оваа градинка многу работи биле од почетокот матни.

        Имено иако тендерот за изградба на градинката го добила фирмата  БВ инженеринг, подоцна изградбата на градинката му била доверена на друга фирма подзиведувач, која  веднаш прекина со градежните активности,  а подоцна  заминала во стечај.

            Ваквите игри во градежништвото добро и се познати на битолската јавност.

            Но чудно е како таков објект се доделува на фирмата БВ инженериг, а кој подоцна ја препушта изградбата на подизведувач, кој брзо заминува во стечај.

            Но на  Општина Битола  очигледно не и сметале таквите игри на БВ инженеринг, која го доби партерното уредување на Офицерскиот дом, иако со (не)изградбата на детската градинка не само општната Битола туку и “ Крмберг и Шуберт “ претрпеа огромна штета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*