Денеска во Битола стартуваше 22 издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“.
Овој младински арт фестивал, кој ја промовира урбаната култура, се одржува во организација на Младинскиот културен центар Битола.
Фестивалот стартуваше со цртање мурали на неколку локации во градот, а ќе продолжи со одржување на журка на пешачката патека во Старта чаршија на зајдиосонце со диџеј BERRYQYAT.
Журката ќе продолжи пред поранешната Соколна, во Градскиот парк со тројца диџеи BOC.A и AVENSIS од Македонија и JОЕ DIEM од Шпанија.
На 23 јуни во дворот на МКЦ ќе се претстават млади уметници, фотографи и графичари со цртање графити.
Во рамките на фестивалот в сабота, на 24 јуни во Градскиот парк ќе се одржи голем музички хепенинг со концерт на Lucent авторски македонски бенд од Битола, Arumbo румба фјужн бенд од Шпанија со членови од Белгија и Италија и Репетирор гаражно рок/пост-панк трио од Белград.
Одржувањето на музичкиот хепенинг е заштитен знак на фестивалот. Започнува со настап на LUCENT авторски македонски doom rock бенд од Битола со сјани настапи во живо и верни фанови кои ги следат на настапите, има зациментирано своето место како бенд кој држи лекции за моќна музика и звук. Со него ја задржуваме традицијата големиот музички хепенинг да го отвоириме со авторски, македонски бенд со што даваме поддршка на локалната музичка сцена“, рече Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.
Свој настап ќе има ARUMBO румба-фјужн бенд од Шпанија со членови од Белгија и Каталонија, со танцувачки песни и мелодии од срце испеани со сепцифичен кадифен женски вокал.
-Ова е посебен предизвик за нас зашто после подолго време излегуваме од балканските рамки и нивното гостување е резултат на партнерствата што ги имаме направено со учество во неколку европски музички сцени. За првпат настапуваат во Македонија“, додаде Талевски.
Третиот бенд, кој ќе настапи на музичкиот хепенинг е REPETITOR гаражно рок/пост-панк трио од Белград, Србија.
Директорот на Младинскиот културен центар од Битола, Сашо Додовски, на денешната прес конференција истакна дека времето покажа оти ова е еден од најдолготрајните фестивали кои не се целосно финансирани од буџетски извори или се само делумно потпомогнати од нив што во транзициски времиња е навистина тешко да се оствари и издржи.
Сите настани на фестивалот се бесплатни, а волонтерите се движечка сила на фестивалот, велат организаторите.