Don't Miss
Home / Вести / 60 години МНД Битола

60 години МНД Битола

                            

Со почитување на сите здравствени протоколи Македонското научно друштво-Битола, во Пациото на Националната установа Завод и музеј го одбележа својот голем јубилеј,  60 години од своето постоење.

По повод јубилејот е изработена кристална коцка со амблемот на МНД.

-Оваа кристална коцка припаѓа на сите генерации, на сите оние кои придонесувле и искрено работеле и работат за МНД, токму поради тоа оваа голема кристална коцка ќе биде поставена во просториите на МНД,  рече Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола.

На свеченоста посебно признание му беше врачено на м-р Јован Д. Кочанковски (89 г.) единствениот жив сведок од 12-те потписници на иницијативата за формирање на научното друштво во Битола во 1960 година.

-Иницијатори за формирање на  друштвото беа браќата Душан и Милош Констатинови. Се собравме со една основна цел, колку што е можно да помогаме на наставниците по историја и да се интересираме за минатото, за историјата на Битола и за тоа да зборуваме. Друштвото денес има  голем број  членови, магистри и доктри на науки, кои  дале свој придонес во науката и придонес за афирмација на Битола како град кој е заинтересиран за науката, а доказ е формирањето на Битолскиот Универзитет, рече Јован Кочанковски.

На јубилејот присуствуваше и академик Вадо Камбовски, кој е  член и на МНД-Битола.

-Ова е значаен јубилеј, затоа што е ова првото научно друштво кое се појавило во тие години  токму во Битола, затоа што е раседник на знаењето, науката и уметностите. Долга  е листата на врвни научници и уметници кои потекнуваат од Битола. Само од битолската гимназија излегле 18 членови во МАНУ.  По ова, се формира МАНУ, потоа и  други друштва, рече академикот Владо Камбовски.

Честитајќи им го јубилејот градоначалничката  на Битола Наташа Петровска меѓу другото рече:

Длабок респект кон сите членови на МНД-Битола кои во минатото и денес се вградиле со своето делување, со сета егзактност, чистота, со сета артистичка уникатност, со сета разумна творба која дава посебен белег во значењето на човека. Изминаа шест децении во кои Друштвото напиша безброј содржини, сведоштва за минатото во овој град, но и регионот. Низа едиции ја потврдуваат животворноста на овие простори кои МНД-Битола овозможило да го видат светлото на денот и засекогаш да останат како трајно сведоштво, рече Наташа Петровска.

За долгодишна соработка, афирмација и поддршка на Друштвото, МНД-Битола  додели бројни јавни благодарници и признанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*