Don't Miss
Home / Uncategorized / Србија се исплаши од“ Големото уво“ на Македонија

Србија се исплаши од“ Големото уво“ на Македонија

Белград тврди дека поседува докази дека во Македонија се врши офанзивно разузнавачко дејствување против институциите на нивната држава. Ова за српските медиуми го изјави претседателот на нашиот северен сосед, Александар Вучиќ кој додаде дека Србија и натaму ќе развива пријателски односи со Македонија, но ќе има промени во персоналот на Амбасадата.

„Наше е само нашите луѓе да бидат подготвени, најверојатно ќе има и некои промени во нашиот персонал, и да се заштита пријателството меѓу Србите и Македонците, а истовремено да знаеме како е да се делува во различно и ново окружување кон нам не ни беше познато се до пред неколку месеци“, истакна Вучиќ.

Потпретседателот на српската влада и шеф на српската дипломатија, Ивица Дачиќ открива дополнителен елемент, во интервју за Танјуг вели дека во целата ситуација е вмешан и странски фактор.

„Веќе следната недела, по состанокот кој тука ќе го имаме со претседателот Александар Вучиќ, дел од нашиот персонал ќе биде вратен во Скопје, а амбасадорот ќе се врати подоцна, кога ќе бидат завршени сите консултации кои имаме намера да ги спроведеме во Белград“ вели Дачиќ.

Во консултациите во Белград се вклучила и српската премиерка Ана Брнабиќ.

„Утрово имавме состанок и со министерот за надворешни работи и првиот потпретседател на Владата, господинот Дачиќ, имавме консултации и со претседателот на републиката, затоа што не се работи за мала работа.

Попладнево во врска со ненадејната напнатост меѓу Македонија и Србија разговараат и владини министри во Скопје. Македонија пред извесно време остро реагираше на присуството на српски разузнавач за време на упадот и насилството во македонското Собрание на 27 април. Белград е единствената земја во регионот која се залага за членство во ЕУ, но не и во НАТО.

Македонија пак во последно време прави вонредни напори за отстранување на пречките што и стојат пред членството во НАТО. Американски и европски претставници исто така се залагаат за што побрзо вклучување на земјата во Алијансата, меѓу другото и поради сознанијата, како што тврдат, за се поангажирано руско мешање во регионот на Западен Балкан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*