Пред четири месеци за време на неговата посета во Битола имавме ексклузивно интервју за Битолски весник со амбасадорот на Република Франција во Македонија, неговата екселенција Кистијан Тимоние.
Тогаш Република Македoнија се наоѓаше во длабока политичка криза, која во интервјуто амбасадорот Тимоние рече дека може да се реши исклучиво на деморатски начин и со почитување на Уставот.
Деновиве во амбасадата на Франција повторно имавме интервју со неговата екселенција Кристијан Тимоние,од кого побаравме одговори на истите прашања кои му ги поставивме пред 4 месеци, како и на новите актуелни состојби кои се случуваа(т) во Македонија по смената на власта.
Битолски весник: Кога во април годинава во Битола го правевме интервјуто со Вас, на прашањето како Македонија да излезе од политичката криза, Вие рековте дека најдобар начин за излез од кризата е демократијата. Тогаш многумина не поверуваа дека овде во Македонија може да се излезе од политичка криза преку демократијата.
Кристијан Тимоние: Вашата земја повторно се врати на патот на реформите и на регионалната европска и атлантска интеграција. Франција го поздравува таквиот развој на настаните кои се добри и за Македонија и за Европа.
Б.В: Дали според Вас Македонија излезе од кризата?
К.Т: Разумот надвладеа по сериозниот инцидент. Вечерта, на 27 април, кога се случија инцидентите јас бев пред Собранието на Република Македонија. Првото стравување ми беше да не ме погоди некој камен. Се најдов во момент кога конечно полицијата пристигна, кога група на хулигани фрлаа со камења кон полицијата. Јас се најдов на средина и бев принуден да реагирам на непредвидлив начин, бидејќи не можев да ја предвидам таа состојба. Една од учесничките во протестите во еден момент ме праша што барам јас таму. Пред да ми го постави таа жена тоа прашање и јас впрочем во себе си го поставив истото прашање. Ама јас не бев внатре во Собранието, туку бев надвор од Собранието, затоа што процедурите за да се влезе во Собранието знаете се комплицирани. Барем така се чини. Знаете последните денови научивме многу за таа тема.
Б.В: Дали во тој момент се исплашивте за Вашата судбина и за судбината на Македонија.
К.Т: Да. Точно во тој момент, кога ја гледав таа слика имав стравување за Македонија. Тие моменти јас бев во постојан контакт со Кабинетот на нашиот министер. Ја следевме состојбата. За сето тоа што се случуваше го информиравме и Париз на таа тема и потоа презедовме и други контакти, особено утредента, бидејќи вечерта беше многу тешко да се воспостават било какви конткти. Знаете ние како европејци реагиравме така како што во тој момент можевме да реагираме. Дури утредента ги воспоставивме сите неопходни политички контакти.
Но морам искрено да ви кажам дека во тој момент сите меѓународни преставници се запрашаа за солидноста на државата, особено во моментот кога директорот за јавна безбедност не одговараше на повиците на министерот за внатрешни работи. Ќе ви кажам искрено јас таа вечер си го поставив и следното прашање: Како да се интегрира во ЕУ држава која функционира на ваков начин. Но треба да се оди напред.
Вечерта реагирањето моментално на политички план беше такво какво што беше, но за подобрување на сликата за Македонија ќе биде потребно време. А особено нели фотографијата со Шекеринска, која го обиколи светот. Македонските политички одговорни лица треба да го имаат тоа на ум. Сосема е нормално нели да се направи се да го заборави тоа јавното мислење, зошто треба повторно да се воспостават нормални текови на работите. Многу е важно за Македонија да се избришат оние слики кои се многу непријатни, а кои се случуваа вечерта во Собранието на 27 април.
Лично мислам дека треба да се понесе индивидуална одговорност поради насилствата кои ја оцрнија сликата на земјата. Им останува сега на партиите од мнозинството и од опозицијата, но и на собраниските и владините одговорни лица да направат дрзавата да функционира според уставните норми за да се даде слика на функционална демократија каде парламентот ке биде место за конструктивни разговори и компромиси. Прашањето на политичката култура е од суштинско значење за реалниот напредок кон европска и атлантска интеграција на земјата.
Поопширно во печатеното издани на Битолски весник