Don't Miss
Home / Култура / Тони Гламчевски на чело на филмскиот фестивал во Нанси

Тони Гламчевски на чело на филмскиот фестивал во Нанси

Со меѓународниот филмски фестивал „Нанси-Лорен”, кој се одржува во францускиот град Нанси од 29 август до 6 септември и кој важи за еден од најголемите филмски фестивали во овој дел на Франција, годинава претседава и го координира Тони Гламчевски.
Тој живее и работи во Франција, како дописник на Македонската информативна агенција-МИА.
На свеченото отворање на фестивалот во Нанси, што годинава одбележува јубилејни 20 години од основањето, присуствуваше и амабасадорот на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, Петар-Поп Арсов.
Амбасадорот имаше кратки средби и разговори со градоначалникот на Нанси Лоран Хенар, кој е новиот претседател на Радикалната партија – партија од центарот на десницата и најстара политичка партија во Франција. Потоа тој оствари средба и со заменик-претседателот на регионот Лорен во Жан-Пјер Муано, пред кои тој ја афирмираше нашата земја, како и за блиските пријателски односи кои се градат преку културата, чиј составен дел е филмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*