Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата Наташа Петровска и носителот на листата кандидати за советници Валентин Груевски во придружба на сопартијци, денеска остварија средба со бизнисмени кои своите фирми ги имаат лоцирано во т.н. Стара индустриска зона на Битола.
– Во мојот мандат нема да има двоен аршин за инвеститорите. Како идна и одговорна локална самоуправа ќе обезбедиме нормални услови за инвестирање и работа, решавање на инфраструктурните услови и создавање простор кој ќе отвори можности за нови вработувања. За нас нема да биде важна локацијата и нема да биде важен кој е инвеститорот се додека се исполнети стандардите и се овозможуваат нови вработувања и развој на градот, истакна Петровска.
На 15 октомври, како што рече, масовно да покажеме дека животот во Битола доаѓа за сите, масовно да излеземе на избори и победуваме во првиот изборен круг.