Don't Miss
Home / Македонија / Претседателот Трајковски не бил жртва на атентат!?

Претседателот Трајковски не бил жртва на атентат!?

Наскоро граѓаните на Република Макеоднија ќе ги дознаат причините за авионската несреќа во која настрада претседателот Борис Трајковски и неговите соработници.
Шефот на повторената истрага за авионската несреќа, која се води во БиХ, Омер Кулиќ, во текот на овој месец ќе ги соопшти причините за загинувањето на претседателот Трајковски.
Шефот на повторената истрага за авионската несреќа, во која загинаа претседателот Борис Трајковски, седуммина членови на делегацијата и двајца пилоти, Омер Кулиќ, во текот на овој месец ќе ги соопшти резултатите од истрагата.
Кулиќ во изјава за медиумите денеска изјави дека сега се знаат актерите и одговорните авторитети поврзани со падот на претседателскиот „кингер”, а наскоро јавноста ќе ги дознае сите детали.
-Картите се поклопија, сега точно знаеме како загина македонскиот претседател Борис Трајковски. Оваа повторена истрага е различна од првичната која ја водеа надлежните власти во БиХ. Ова се сосема поинакви резултати на истрагата”, вели Кулиќ.
Според него, до крајот на месецот на македонската Влада ќе и’ биде доставен извештајот, а потоа таа ќе реши дали и што ќе преземе понатаму. Кулиќ најави јавна презентација на наодите од истрагата, која најверојатно ќе се емитува на Македонската телевизија.
Имајќи ги предвид резултатите, Кулиќ додава дека со право македонската Влада побарала нова истрага за авионската несреќа, која се случи на 26 февруари 2004 година, кај Ротимље во БиХ. Првичната истрага беше затворена како несреќен случај поради лошите временски услови.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*