Don't Miss
Home / Uncategorized / Мијалков нема да одговара за апсењето на Бошкоски

Мијалков нема да одговара за апсењето на Бошкоски

Основниот суд Скопје 1 одлучи за апсењето на Љубе Бошковски да му суди на поранешниот прв човек на единицата „Алфа“ и на уште петмина припадници на единицата. Судот делумно го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство и според донесената одлука, ќе им суди само на шетмината од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

Одлуката ја донела судијката Моника Бахчовановска од Основниот суд Скопје 1, сопруга на Владимир Бахчовановски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на ПУИГ, Лотарија и на други јавни претпријатија.

Во предметот за апсењето на Бошкоски, во случајот „Кампања”, првообвинет за тортура е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Второобвинет во овој случај е екскомандантот на „алфите”, Ивица Антевски-Пуки. Сите седум обвинети се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*