На обвинителна клупа денеска треба да седне поранешната министерка за култура Елизабета Канческа–Милевска, која е првообвинета во случајот „Тендери“, кој се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.
Судењето ќе продолжи со сослушување на аудио снимки кои се доказ во постапката.
Второ и трето обвинетите во овој случај биле членови на Комисијата за јавни набавки.