Националната установа Центар за култура-Битола ги заврши подготовките за 20. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2018“.
Организаторите на фестивалот најавуваат дека главна акетрска ѕвезда се очекува да биде акетрот Тарик Филиповиќ, а во периодот од 11 до 15 мај во натпреварувачкиот дел ќе има и други познати актерски имиња.
Годинешни учесници на фестивалот се Шовги Гусеинов од Азербејџан, со монодрамата „Контрабас”, Тјаша Ферме од САД ќе ја изведе монодрамата „Дивото дете во градот”, Матеуш Новак од Полска со „Однапред и одназад”, Миxаил Милчев од Бугарија со „Мадам Мишима”, Среќко Марчета од Босна и Херцеговина со монодрамата „Големо е моето срце”, Александер Аладишев од Русија ќе настапи со „Сништата на Хамлет” и Тарик Филиповиќ од Хрватска кој ќе настапи со монодрамата „Ќиро Блажевиќ”.
Наградата Гран-при на Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018 ќе ја додели тричлено интернационално жири кое ќе го предводи режисерот и актер Коле Ангеловски, Нина Мазур – театролог и театарски критичар од Германија и актерката Весна Петрушевска.