Екипи на Службата за техничка сигурност при АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола од синоќа во 19 часот, со едно противпожарно возило се активно вклучени во ставањето под контрола на пожарот кој избувна на депонијата за смет Мегленци, која се наоѓа во непосредна близина на Комбинатот. Во координација со ЈП Комуналец од Битола кое стопанисува со депонијата Мегленци, вработени во РЕК Битола до денес напладне беа ангажирани во гаснењето на пожарот, односно неговото локализирање и остануваат на располагање до целосно ставање под контрола на ситуацијата, во духот на добрата соработка и одговорноста на компанијата кон заедницата.
Дополнително, од синоќа во 21 часот механизација која е ангажирана за извршување работи во ПЕ Рудници при АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола е ставена во функција на напорите за гаснење на пожарот во депонијата Мегленци. Една утоварна лопата и 8 камиони, согласно напатствијата на ЈП Коминалец, и денес транспортираат земја од РЕК Битола и ја посипуваат депонијата за да спречат повторно разговрување на огнот.
АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола во оваа прилака се заблагодарува на довербата од страна на ЈП Комуналец во брзата и ефикасна помош при гаснењето на пожарот во депонијата Мегленци и останува на располагање,во границите на можностите, да помогне во секоја ситуација што го штити јавното добро на Република Македонија.