Заев: Наредните избори е ги организира техничка влада Posted by: Битолски Весник in Uncategorized July 23, 2018 0 1,477 Views Наредните избори ќе ги организира техничка влада. Ова, според премиерот Зоран Заев, е договорено на денешната лидерска средба во Клубот на пратеници. Како што изјави, било прифатено барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се направат законски избори кои ќе овозможи сите наредни парламентарни избори да ги организира влада со формат идентичен на пржинскиот. Било договорено денеска да заврши лидерската средба.-Како ќе се договориме зависи од сите нас внатре. Се враќаме на прашањето за референдум. Ќе разговараме за референдумското прашање, за карактерот на референдумот и за датумот на одржување – рече Заев. Според него прифатено е и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за финансирање на политичките партии и за Државната изборна комисија. 2018-07-23 Битолски Весник tweet