Турската компанија “ОХИ Груп” која денеска потврди дека ќе отвори фабрика за лепенки за гуми во Битола, во првиот период ќе вработи најмалку 400 работници.
Ова го соопшти менаџментот на фабриката по средбата со министерот за странски инвестиции, Џери Наумов и претставници на “ОХИ Груп” и на уште три други компании од Турција, кои деновиве беа во посета на Македонија.
Засега, нема поединости околу потребната стручна подготовка за вработување во оваа турска компанија, како и локацијата каде истата ќе се гради. Но според добро информирани извори, фабриката најверојатно ќе биде лоцирана во индустриската зона “ Жабени “.
Б.В.
Tagged with: заинтересирани инвестиција фабрика