Don't Miss
Home / Uncategorized / Со хуманитарни активности заокружено одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола

Со хуманитарни активности заокружено одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола

Денес, на последниот ден од серијата активности со кои АД ЕЛЕМ и Подружницата РЕК Битола
годинава го одбележаа Денот на рударите, Синдикалните организации на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола,
како и Фабриката за опрема и делови (ФОД) организираа крводарителска и неколку хуманитарни
акции.
Во просториите на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола беше реализирана крводарителска
акција во соработка со Одделението за трансфузиологија при Клиничката болница Битола и ОО на
Црвен крст од Битола. За време на акцијата беа собрани 34 единици крв. Овој број е уште позначаен
ако се има во предвид дека секоја година во РЕК Битола се организираат по осум крводарителски
акции, а денешната беше вонредно организирана во чест на Денот на рударите. За време на
крводарителската акција, пред Управната зграда на Подружницата РЕК Битола, волонтери на ОО на
Црвениот крст од Битола одржаа показни вежби за прва помош при несреќа на работа.
Синдикалната организација на АД “ЕЛЕМ“, подружница РЕК “Битола“на здружението за
телесни инвалиди “Мобилностод Битола им врачи два ваучери од по 20.000 денари, кои членовите
на здружението ќе можат да ги искористат во двете специјалирани продавници за помагала во Битола.
“Во рамките на настаните организирани по повод Денот на рударите имавме неколку
хуманирани активности, а една од нив е денешното доделување на парични средства ваучери од
спрецијализираните продавници за ортопедски помагала во Битола. Ова не значи дека ќе застаниме
тука, а во нашиот Синдикат има предлози секој месец одредена сума пари да се донира на друго
здружение или поединци кои имаат потредба од тоа, рече Менде Фидановски, претседател на
Синдикалната организација, Подружница РЕК Битола.
“Мило што Синдикатот на РЕК Битола ја менува својата перцепција и ги согледува тешкотиите и
потребите на лицата со посебни потреби. Помошта е добродојдена, особено што е во вистинско време
и на вистинско место. Ова нека биде пример за сите компании”, рече претседателот на Здружението
на телесни инвалиди Мобилност, д-р Нико Јанков.
Во одбележувањето на Денот на рударите се вклучи и Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ,
која донира два специјализирани детски инхалатори за Детското одделение при Клиничката болница
во Битола, а Фабриката за опрема и делови која е составен дел на АД ЕЛЕМ, ја промовираше својата
донација во ОУ Климент Охридски во Битола. Станува збор за железни врати и огради кои треба да ја
зголемат безбедноста на учениците во ова најбројно основно училиште во градот. Директорот на ФОД,
Методија Тасевски порача дека ФОД како општествено одговорна компанија ќе продолжи и во иднина
да помага на заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*