( Спорт Тим-Хераклеја 54:74(20:13,11:24,11:16 ,12:21)
Со седмата победа на гостувањето во Неготино против екипата на КК Спорт Тим, кошаркарите на Хераклеја од Битола се искачија на првото место во Втората македонска кошаркарска лига- Запад
Во натпреварот против Спорт Тим, од 54:74 екипата на Херкалеја буквално доминираше во текот на целиот натпревар. Освем во првата четвртина, кога домашните поведоа со 7 кошеви разлика (20:13) во преостанатите 3 четвртини екипата на Хераклеја доминираше на теренот и оствари победа од 20 кошеви разлика.
Со оваа победа, седма по ред, и само 2 порази, екипата на Хераклеја се искачи на првата позиција.
Најзаслужен за победата во Неготино беше играчот Борче Митревски,кој постигна 32 поени, Ѓорги Анакиевски забележа 16, а Стефан Мицевски 8 поени.
Со ваквите резултати кои ги постигнува екипата на Хераклеја е на најдобар пат да биде втор клуб од Битола, кој во наредната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига.
Од тие причини играчите,тренерот и Управата на клубот упатуваат апел до Општина Битола и правните субјкети во градот, во ракмите на нивните можности да го подржат успехот на овој битолски клуб.