Don't Miss
Home / Uncategorized / Исклучен блокот Битола 3

Исклучен блокот Битола 3

Денеска  блокот Битола 3 ќе биде исклучен од  електро енергетската мрежа.

Ваквото исклучување е планирано и се прави  поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот.

Блок 3 ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, додека во меѓувреме РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 1 и Блок 2.

Инаку АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство,се вели во соопштението на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*