Во Градскиот парк во Битола, денеска свечено беше инаугуриран новиот споменик посветен на италијанските војници кои за време на Првата светска војна се бореле на Македонскиот Фронт.
На свеченоста присуствуваа градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставнци на Советот на Општина Битола, амбасадорот на Италија во земјава Карло Ромео, военото аташе на Република Италија, полковникот Џузепе Монталто, претставници од АРМ и италијанската армија, како и членови на дипломатскиот кор во земјава.
Амбасадата на Италија лоцирана во Скопје во соработка со Општина Битола, во соработка со Министерството за одбрана и Министерството за култура изработија спомен-плоча, поставена во градскиот парк.
Од 1916 година до 1918 година, за време на борбите во Првата светска војна италијанскиот контингент на оваа територија достигнал околу 50 илјади војници. Спомен обележјето е посветено на околу 8.000 италијански жртви.