Ремонтните активности на „Битола 3“ завршија успешно. По успешниот ремонт, во текот на денот почнуваат пуштачките операции на блокот, по што „Битола 3“ ќе биде ставен во функција и синхронизиран со електро-енергетскиот систем на земјата.
Паралелно со тоа, од работа ќе биде исклучен „Блок 1“ на кого ќе бидат извршени сервисно-санациони зафати за подобрување на производствените перформанси.
РЕК „Битола“ ќе го продолжи производството на електрична енергија од „Битола 2“ и „Битола 3“, со што целосно ќе ги задоволи потребите од електрична енергија на АД ЕСМ и Република Северна Македонија, се вели во соопштението на АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“.