- Во врска постетата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Битола денска повторно со реакција се јавија од СДСМ.
- Не стивнуваат негативните реакции на Битолчани со нивни прашања и негодувањапри последната посета на лидерот на ДПМНЕ г. Мицковски во Битола.Освен по туристичкото селфи на Пелистер, г. Мицковски битолчани ќе го запаметатпо младите насилници како негова позадина но најповеќе, по неговиот најголемподржувач од првите редови, уништувачот на Битола, Владимир Талески .Г.Мицковски доблесно од вас заедно со Владимир Талески ќе беше, да им одговорите на битолчани како ветената железничка пруга кон Кремненица која ја ветувавте на сите избори од 2006 година не успеавте да ја реализирате, парите да ги потрошите во неповрат, за сега Владата на СДСМ и коалицијата со градоначалникотг-ѓа Наташа Петровска во целост ја изградат и повторно поврзат Битола со железничка пруга со Европска Унија.
- Г.Мицковски требаше да бидите искрени барем према младите и да им се извините што вашиот поддржувач Владимир Талески им го затвори полигонот за возачки испит во Битола, па ги натера младите битолчани да полагаат во другите градови, засега СДСМ преку градоначалничката Наташа Петровска во целост го изградат и пуштат во употреба новиот полигон за полагање возачки испит.Г.Мицковски вашиот говор требаше да го започните со критика кон башиот првподдржувач Владимир Талески што во 13 години единствено што успеа е да ги уништи образаовните институции во Битола, задолжувајќи ги со 4,5 милиони евра долг, со блокирани сметки од 2011 година!СДСМ и коалицијата со градоначалникот Наташа Петровска успешно го сервисираат целиот долг со подршка на Владата ги одблокираат сметките на училиштата, но во исто време континуирано се реконструираат и обновуваат Детските градинки,Основните и Средните Училшта.На битолчани им зборувавте за обезличување, но токму вие Г.Мицковски и вашио тсопартиец Владимир Талевски сакавте да ја обезличите Битола со продажба на Офицерскиот Дом! Сега СДСМ и коалицијата со градоначалничката Наташа Петровска како што ветија започнуваат со негова реконструкција и ставање во целосна функција наОфицерскиот Дом.
- На крај Г. Мицкоски на вашиот туристички престој во Битола на вашето селфи наПелистер требаше да им се извините на Битолч ани што вашиот поддржувач Талескиим го наплатуваше престојот на Битолчани при влез во својот Национален Парк Пелистер, при тоа во два наврати ветуваше изградба на колекторски систем,изградба на опожарениот планинарски дом Копанки кој исто така Талески преку ноќ сакаше да им го отуѓи на битолчани.Денес тогашната сурова реалност е само лошо минато на битолчани бидеќи СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска во целост го променија, влезот во Националниот парк е бесплатен, колекторскиот систем во изградба а планинарскиот дом се враќа назад на битолчани преку ногова скора изградба во интерес на сите љубители на планината .Ова се само дел од пораките и прашањата кој вие и ДПМНЕ Г.Мицковски упорно бегате, ете затоа битолчани го избраа СДСМ, бидејќи избраа европска иднина соевропски принципи и вредности со здрава демократија каде што зборот Важи!
Tagged with: Мицксоки