- Ако ја чуствувате неправдата, ако Ве навредува неработењето и неспособноста на оваа власт, ако сте загрижени за иднината на Вашите деца, ако сте очајни поради состојбата и сивилото во нашатаБитола, ако сте безнадежни поради уништувањето на Македонија и Вашето достоинство, дојдете почитувани битолчани и битолчанки, овој петок, на 27 септември на Широк Сокак, во 16.00 часот, зашто време за одлагање НЕМА. Македонија заслужува и Битола заслужува, овој пат заедно со Вас, ја започнуваат својата ОБНОВА. Дојдете, заедно со луѓето кои знаат и сакаат, луѓето кои можат сериозно и одговорно да работат на обновата на Битола, на враќањето на надежта во секое маало, на секоја улица, во секоја институција, во секој дом, во секое Ваше храбро срце, мои битолчани. Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ никогаш не се откажаа од борбата за подобра Македонија, од борбата за поубава и економски просперитетна Битола, Битола заеднички дом на сите, Битола градот на почитувани и среќни луѓе. Неправдата, немањето можност Битола да биде најградскиот град, Вашето одземено право на работа, Вашето страдање поради разделбите со најблиските , родените деца, кои во се поголем број ја оставаат Битола, Ве обврзуваат да бидете во првата борбена линија за обновата на градот, храброста да ја преточите во вистинска борба за себе, за Вашите деца, за Македонија, за Битола, градот во кој живеете. Разочарувањата се двојно поголеми од очекувањата, кои бесрамно ги нудеа како живот за сите. Дојдете овој ПЕТОК, 16.00 часот, ШИРОК СОКАК, со ОБНОВА ЗАЕДНО да му се спротивставиме на уништувањето на вистинските вредности, на уривањето на нашите животи. РАЗГОВОРИ ЗА ОБНОВА НА БИТОЛА, ЗАЕДНО!!!ВРЕМЕ Е!
Tagged with: достоинство