Груевски се спаси од „Траекторија“
Судот констатираше дека настанала апсолутна застареност за гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата.
Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неоадма доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката што Груевски нема да одговара.
Инаку, денешното рочиште не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој до судот испратил и лекарска потврда.
Груевски во Траекторија беше обвинет дека примал награда за пртотив-законско влијание. Инаку, судењето продолжува за поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.