Don't Miss
Home / Uncategorized / АД ЕСМ ги чистеше плоштадот, езерото Козјак, градската болница…

АД ЕСМ ги чистеше плоштадот, езерото Козјак, градската болница…

Вработените на АД ЕСМ од дирекцијата и од подружниците во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струга и Кавадарци се вклучија во државната акција за чистење која се спроведе  во целата држава.

Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, кој заедно со вработените го чистеше делот околу старата градска болница, порача дека компанијата е дел од сите акции и активности кои значат почиста и подобра животна средина, што е соодветно на определбата на АД Електрани на Северна Македонија, како општествено одговорна комппанија.

          Инаку, вработените ги чистеа површините во кругот и околу производните и административните објекти, како и просторот околу акумулациите кој е отворен за посетители.

       Се чистеше околу управната зграда на плоштадот Македонија, околу новата управна зграда која се наоѓа спроти Музеј на Град Скопје и околу старата Градска болница. 

       Дел од вработените го исчистија видиковецот над езерото Козјак, кој е популарна дестинација за излет и прошетка во близина на Скопје.

Собран беше отпадот и околу акумулациите Шпиље и Глобочица, како и околу другите акумулации кои се отворени за јавен пристап.

       Во термоелектраните беа исчистени круговите на производните капацитети, кои се локации со големи површини.

      Надворешниот отпад, како и отпадот од внатрешните простории, на крајот на акцијата беше организирано предаден на соодветните комунални служби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*