Don't Miss
Home / Uncategorized / Заев: На 3 јануари ја напуштам премиерската функција

Заев: На 3 јануари ја напуштам премиерската функција

Премиерот Зоран Заев рече дека на 3 јануари ќе си поднесе оставка од функцијата. Одговарајќи на новинарско прашање дали изборите ќе се одржат во договорениот термин Заев изрази задоволство што парламентот ќе ги донесе сите закони што треба да стапат во сила од први јануари и оти со тоа нема причина за одложување на изборите.

„Ако се стои на зборот, од страна на Парламентот, нема потреба да нема избори, така што на 3 јануари јас ќе ја поднесам мојата оставка и верувам дека на истиот ден ќе може да се даде мандатот на новиот претседател на владата за да може истиот ден да се избере владата“, рече Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*