Don't Miss
Home / Uncategorized / Почна реконструкцијата на патот за Маловиште

Почна реконструкцијата на патот за Маловиште

                 

          Во присуство на министерот за земјоделие, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието, Никола Бабовски   и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска,  во селото Кажани официјално беше означен почетокот на реконструкцијата на патот Кажани – Маловиште, кое е  единствено село, сместено во Националниот парк “Пелистер”.

          Означувајќи го почетокот на градежните работи, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски истакна дека преку програмата за рурален развој  од страна на Владата  е обезбедена финансиска поддршка во износ од 38 милиони евра за вкупно 200 проекти во државата.

          Битола за овие средства  аплицираше со три проекти, во вкупна вредност од 27 милиони денари.

          Сите овие мерки се само потврда дека Владата прави се за подобрување на условите за живот во руралните  средини.

         Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Никола Бабовски,  најави дека преку Програмата за рурален развој обезбедени се 16,3 милиони денари  грант средства, кои ќе бидат искористени за реконструкцијата на патот Кажани – Маловишта, кој ќе се реконструира дури по цели   40 години.

          Инаку  Битола  за овие средства аплицираше со вкуоно 6 проекти, од кои три се од Агенцијата за  финансиска поддршка на руралните средини,  3 преку Планскиот регион.

Вкупната поддршка  за овие проекти изнесува 42 милиони данари, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралните средини, Никола Бабовски..

          Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска изјави дека Општината  Битола за реконструкцијата на патот  издвои 2, 3 милиони денари, сопствени средства.

          -Општината Битола не е само градското јадро,  туку цел опфат околу градот и тие политики во таа насока ние ги движиме. За овој проект општината Битола, покрај средствата кои ги издвои учествуваше и со  изготвување на планска  документација,  како и одлуки на Советот на општината, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*