Манифестацијата на Битолски весник “Избираме најуспешни битолчани 2019 “ доколку не се случи нешто непредвидено ќе се одржи најверојатно , сабота на 14 март.
Ова е одлучено денеска попладне, откако Редакцијата на Битолски весник доби уверување од Министерството за здравство дека препораките за забрана за одржување на масовни манифестации најверојатно петок на 6 март ќе бидат повлечени.
По добивањето на таквите информации Битолски весник во договор со сопственикот на ресторанот Вавилон, ТВ “Тера“, Покровителот и генералниот спонзор на Манифестацијата, музичарите и пеачите и другите учесници во Манифестациајата донесе одлука доколку петок на 6 март се острани забраната истата да се одржи сабота на 14 април.
Битолски весник внимателно ги следи сите состојби околу корона вирусот и е во постојан контакт со министерот Венко Филипче, кој верува дека петок на 6 март ќе биде укинатата забрана за одржување масовни собири.