Ја продадовме државата, сега и ние малку да уживаме.
Државата се грижи за своите граѓани, станавме социјални случаи.
Не ги криете своите грешки, децата нека се учат.
Бараа од нас да бидеме нормални,а ние сакаме да бидеме тоа што сме.
Ја спасуваме Европа, не сакаме да влеземе во неа.
Толку има мали богови, што Господ веќе никој не го спомнува.
Се навикнавме на трагедии, секогаш преживуваме.
Нашите политичари се жилави,
Ќе преживеат и тогаш кога државата ќе пропадне.