Don't Miss
Home / Вести / Весник кој постојано не потсетува на вистинските вредности

Весник кој постојано не потсетува на вистинските вредности

                  

Во врска со јубилејот на Битолски весник, Методија Илиевски, советник на СДСМ изјави:

-Почитувани читатели, во време на изолација се потсетивме пред се дека сите сме еднакви и треба да го чуваме и вреднуваме она што го имаме.

 Битолски весник, хроничарот на Битола веке 56 год. не само што од време на време знае да не потсети на битните историски настани кои се случиле во нашиот град, туку и на некои вистински вредности кои ги создава со трагот на пишаниот збор.

Годишни јубилејни награди, кои се одржуваа секој последен петок во месец февруари ни покажуваат дека во нашиот град има доста успешни луѓе. Битолчани низ времето биле исправени пред многу предизвици кои успешно ги пребродиле, така ќе биде и овај пат.

 Да останеме дома  да се заштитиме себеси, да ги заштитиме нашите најблиски и нашиот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*