Блаже Докуле, карикатурист по повод јубилејот на Битолски весник 56 години од излегувањето на првиот број вели:
– Битолски весник во својата 56 годишна историја помина најразлични премрежја.
Излегувајќи цели 56 години без прекин на македонскиот медиумски простор, тој постави македонски “Гинисов рекорд”.
Весникот помина низ големи општествени струења од социјализам, капитализам до “пазарно “општество, или општество во кое владее принципот “Снајди се кој може”
Но огромната љубов, упорност па дури и инает од страна на новнарите, пред се на Менде Младеновски, Весникот успеа да плива во сите немирни води.
Се разбира само од љубов не се живее. Потребни се и пари кои се повеќе секнуваат од сите извори.
И покрај сета виталност и воља годинава цел свет е во страшна збунувачка криза со појавата на вирусот “ Ковид 19” со што во прашање се доведени редовните излегувања од печат на весниците.
Се води “борба “ со невидлив непријател, кој не гледа сите и може да не нокаутира кога сака.
Но Битолски весник редовно излегува дури и кога се соочуваме со оваа пандемија, кога голем број светски весници прават пауза во излегувањето.
Се читаме до следниот јубилеј.