Пелистер – Зомимак 26:31 (12:20)
Спортска сала “Младост“ во Битола
Гледачи: околу 300
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје.
Пелистер: Крстевски, Талевски, Дрогришки 7, Рајатовски 4, Тодоровски, Гаревски 1, Илиевски, Јовановски, Велјановски 1, Кузмановски 4, Димитровски 9, Нечков, Христов, Ѓорѓиевски.
Седмерци: 3/3
Зомимак: Павловски 1, Младеновски 6, С. Стојановски 1, Милосављевиќ 3, Трајковски 1, Босеовски 4, А. Стојановски, Ал Хасан 2, Чантурија 3, Митревски 2, Јанев 1, Везенковски 7.
Седмерци: 6/5
Иако ракометарите на Пелистер најавија можно изненадување, сепак не дојде до тоа. Младите ракометари на Пелистер не успеаја ниту во еден дел од играта да се наметнат и со тоа да дојдат до резултатска изедначеност.
Гостите од Струмица видно подобри во квалитетот и доста воиграни не дозволија од Битола да се вратат со пораз.
Екипата на Игор Николовски во очекување на конечно решение на нивниот и на статусот на клубот се надеваат дека од коло во коло ќе играат подбро и покрај двата порази во првите две кола, од екипите на Преспа и Зомимак.
С.Р.