Don't Miss
Home / Вести / Учебник по историја за Битола

Учебник по историја за Битола

                  

Киро Кипроски, новинар на Нова Македонија  во честитката за јубилејот на Битолски весник вели:

          -Со секој број  „Битолски весник”со читливи четива за сите возрасти ја пишува историјата на Битола и поширокиот регион. Тој е вистински информатор   за  случувањата од сите сфери на секојдневното живеење.Почнувајќи со политиката (сите сме заразени дури повеке од коронавирусот ), економијата,безбедноста, образованието, здравството, културата, обвинителството, судството,спортот, црните страни на животот, профили на истакнати и успешни битолчани. Сториите  пишувани  во  сите новинарски жанрови  се професионални, објективен,почитуван е новинарскиот кодекс, морал и одговорен однос.

           Сите страници на Битолски весник го привлекуваат вниманието на читателската јавност кои се актуелни и информацијата точна и навремено пристига до консументите.

 Страницата „За хумор,разонода и забава” посебно ми е драга бидејки ме одмора и ме релаксира од брзото темпо на живеење исполнето и со информации кои ме замараат.

Страницата, пак,„Времеплов- Битолски весник” за повозрасните читатели  темите што биле третирани во времето минато се  потсетник на  значајни настани и лицности , за младите генерации  да се запознаат со некогашна Битола и им служи како учебник по историја за својот град.

            Вредно е да се одбележи   што   Битолски весник  ја негува репортерската фотографија која во секој број  ги баележи актуелностите и настаните. Не случајно се вели дека една фотографија заменува илјада зборови

            Честитајки ви го 56 роденден Ви посакувам да продолжите да бидете ревносни  хроничари на времето, со успех да оддолете  на  притисоците  и да останате гласило на вистината и на објективноста..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*