Споменикот на Филип Втори, поставен на плоштадот “ Магнолија “ во Битола буквално сe распаѓа.
На споменикот на неколку места мермерот е откорнат, а оштетен е и мермерот на постаментот.
Воедно оштетен е и грбот на Битола кој е поставен пред споменикот на Филип Втори.
Инаку ова не е прв пат споменикот на Филип Втори да е оштетен.
Пред неколку години споменикот на филип Втори од некои несовесни граѓани беше оштетен и парчиња мермер беа откорнати и расфрлани околу споменикот на плоштадот Магнолија.
Засега никој од локалната самоуправа не презема ништо да фо заштити споменикот на Филип Втори, кој на плоштадот во Битола “ Магнолија “ беше поставен во 2011 година