Don't Miss
Home / Вести / Одбележан патрониот празник на СОУ “ Таки Даскало“

Одбележан патрониот празник на СОУ “ Таки Даскало“

Делегација, предводена од директорот на СОУ “Таки Даскало“ – Битола, Владо Ѓорѓиевски, го одбележа патрониот празник на училиштето, 3 мај. Најпрво, беше положено свежо цвеќе на бистата на Таки Даскало на градското шеталиште, а потоа и на споменикот посветен на паднатите борци, во селото Ореово.
На денешен ден 3 мај 1942 година беше ликвидиран остатокот на партизанскиот одред “Пелистер“, при што во борбата со бугарските воено-полициски сили, животот ќе го загубат шест партизани и партизанки, меѓу кои и политичкиот комесар на одредот Димитар Николовски – Таки Даскало, со што му се зададе голем удар на Народноослободителното и антифашистичко движење во Битола и Битолско. Но, херојската смрт на партизаните меѓу кои и на Таки Даскало беше потстрек за уште повеќе да се разгори вооружената антифашистичка борба.
Одбележувањето на патронатот оваа година беше скромно и симболично со оглед на актуелната ситуација со пандемијата на корона вирусот, и со почитување на сите мерки на Владата за дистанца и заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*