Во рамките на активностите за инфраструктурно уредување на Битола, денеска почнаа реконструктивните зафати на ул. „Бранко Радиќевиќ“.
Реконструкцијата на оваа улица ќе се одвива во три фази.
КЈП „Нискоградба“ работи на поставување на нова мешовита канализациона мрежа, a екипите на ЈКП „Водовод“ ја менуваат главната водоводна цевка и поставуваат соодветни приклучоци.
Последната фаза од комплетната реконструкција на ул. „Бранко Радичевиќ“ ќе опфати асфалтирање и партерно уредување на улицата.
-Вкупната сума, која Општина Битола ја издвои за комплетната реконструкција на улицата изнесува над 4.600.000 денари, соопшти денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.