Делегација на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола денеска положи свежо цвеќе пред спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.
Делегацијата ја предводеше претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола Иванчо Тошевски. Меѓу присутните и членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Силвана Ангелевска, советничката Олга Лозановска и други членови и симпатизери.
Денеска се одбележуваат 117 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.
Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.
Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.