Во последните два месеца континуирано расте нивото на акумулациите каде АД електрани на Северна Македонија има производни капацитети, или користи дел од водата од истекот на природните езера.
Во најдобар ред се одвива и процесот на производство на електрична енергија од хидроелектраните, како и процесот на снабдувањето со вода за пиење и наводување, а во исто време на високо ниво се одржуваат биолошките услови за живиот свет во акумулациите и по теченијата на реките.
Ова денеска го соопштија од АД ЕСМ.
Според информациите од ЕСМ акумулацијата Тиквеш се наоѓа на ниво од 262 метри надморска висина, односно на само 3 метри под максималната кота. Охридското езеро во моментот е на ниво од 693.67 мнв., додека минималната кота е 693.10, а Дебарското езеро е на ниво 572.36 метри, а минималната кота е 560.
Во овој момет поволни се состојбите со акумуцаиите и на
Мавровското езеро, во кое 1216.76 метри кубни вода, а минималната кота е 1207. Во Глобочица нивото на акумулацијата изнесува 686.74 метри, додека минимумот е 682.60. Козјак се наоѓа на кота од 450.62 метри, додека минималната кота таму е 435 метри. Света Петка е на ниво од 357.06, додека пропишаниот минимум е 355 метри, нагласуваат од АД ЕСМ.
Според информацијата од АД ЕСМ, сите коти на акумулациите се на своите просечни вредности за овој период од годината и се високо над дозволените минимални нивоа.
-Се надеваме дека оваа година ќе биде хидролошки подобра од 2017, 2015, 2012 или 2008, кои беа сиромашни во врнежи, велат од АД ЕСМ.
АД ЕСМ континуирано ја следи состојбата и во изминатиот период се произведуваше помалку електрична енергија од хидроелектраните од тоа што беше планирано, имајќи го предвид токму значењето кое водните ресурси го имаат за секоја сфера и дејност.