Don't Miss
Home / Вести / Едно лице од Битола позитивно на ковид 19

Едно лице од Битола позитивно на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1, Велес-4.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1526 , бројката на оздравени пациенти е 1013 , на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 515
Куманово – 401
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –159
Тетово – 90
Струга – 67
Велес – 81
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Кратово-1

Направените 185 теста се преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен ф-тет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –27, Систина со PCR метода -17 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 септември“, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На респираторна машина се 3 пациенти, а уште 4 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*