Болницата “ Плодност “ пред влезот во болницата постави “тунел“ за дезинфекција.
Преку овој “тунел“ за дезинфекција, покрај пациентите мораат да поминат и сите вработени во болницата.
Со “тунелот“ за дезинфекција ќе бидат дезинфецирани сите кои влегуваат и работаат во болницата, се со цел да се спречи и најмалата можност за пренесување било каква инфекција или зараза во болницата.
“Плодност “ засега е единствената институција која поседува ваков “тунел“ за дезинфекција во Битола.