Don't Miss
Home / Вести / Клавирот го “ отсфири “ своето

Клавирот го “ отсфири “ своето

                           

          Клавирот кој е поставен  во кружниот тек на улицата “ Васко Карангелевски “ и кој треба(ше) да преставува симбол на Битола како град на клавирите, најверојатно ќе биде отстранет од таму.

           Клавирот кој беше поставен во мандатот на екс градоначалникот Владимир Талески  не само што е “расштимуван “  туку целосно се распаѓа и пропаѓа.

          Според информации на “ Битолски весник “ деновиве  клавирот најверојатно ќе биде остранет од таа локација.

          Дали со тоа Битола ќе го изгуби епитетот како град на клавирите.