Don't Miss
Home / Вести / Владата ќе се задолжува со еврообврзница за 800 милиони евра

Владата ќе се задолжува со еврообврзница за 800 милиони евра

Владата на вчерашната седница  го донесе ребалансот на Буџетот за 2020 година, соопшти владината прес-служба која најавува дека детали за ребалансот ќе бидат презентирани на прес-конференција во текот на денешниот ден.

Владата усвои и Одлука за максимален износ на ново задолжување на меѓународниот пазар на капитал преку издавање на еврообврзница во износ од 800 милиони евра, пари со кои ќе се обезбеди буџетска поддршка за годинава и за следната 2021 година.

Усвоена е и информацијата за назначување на агент за процесни услуги кој ќе ја застапува земјава пртставувана од Министерството за финансии за издавањето на еврообврзницата и таа функција ја презема Министерствоот за надворешни работи преку Амбасадата на земјава во Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*